mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

ИРЕНА крои план за енергетски зелен Балкан

ИРЕНА крои план за енергетски зелен Балкан

Типографија

Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА), во соработка со регионалните енергетски играчи во Југоисточна Европа разработува план со кој треба да се подобри енергетскиотсектор во целиот регион.

Изработката на посебниот акциски план за обновлива енергија во Југоисточна Европа беше најавена во Букурешт, на настан што го организираше романското Министерство за енергија заедно со други партнери.

  • Романија има капацитет да произведува речиси пет гигавати обновлива енергија и веќе ја достигнавме целта за 2020 година во овој поглед. Тоа ќе ни помогне да разработиме нови рамки за 2030 година, како што се предвидува со Директивата за обновлива енергија на ЕУ - вели Корина Попеску, романската државна секретарка.

Според генералниот директор на ИРЕНА, Аднан З. Амин, Југоисточна Европа има голем потенцијал за обновлива енергија и затоа агенцијата може да им помогне на сите држави да ги достигнат нормите предвидени за 2020 година, а заедно со тоа да ја подобрат енергетската безбедност, да отворат нови работни места, да го засилат растот на БДП и да го подобрат здравјето на граѓаните.

Со истражувањата на агенцијата се утврдуваат и можните пречки во развојот на обновливата енергија во регионот и се развиваат шеми за социо-економска корист од спроведувањето на овој план. ИРЕНА е организација во која членуваат 148 земји и Европската унија, а уште 27 земји се во процес на пристапување.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан