Атина веќе три дена е покриена со снег, а планините Парнита и Имитос што се наоѓаат веднаш до градот се целосно побелени.
Ова е ретка глетка во медитеранската метропола.
Грчката служба за заштита на населението издаде предупредување за екстремно снежни услови во новогодишниот викенд. Уште повеќе снег се очекува да падне во Атина и во регионот Атика, на Кикладите, дури и на островот Крит. Се очекува и силен ветер во Егејско Море, а се прогнозира дека температурите ќе се спуштат до минус 14 или до минус 16 степени во некои планински региони.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS