mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Не очекува студена и сува есен

Не очекува студена и сува есен

Типографија

Вообичаени количества дожд и просечни температури на воздухот не очекуваат оваа есен, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во септември температурата на воздухот се очекува да биде во рамките на просекот, од 12 до 14 Целзиусови степени во западните планински региони, и нешто повисока во другите делови, до 18 степени, Овој месец ќе биде малку поврнежлив на целата територија, освен во североисточниот и северозападниот дел, каде не се очекуваат врнежи поголеми од просечните за тие региони.

Во октомври се очекуваат просечни температури од 10 до 14 степени, но постои голема веројатност дека врнежите на целата територија ќе бидат под просечните вредности. Особени пониски количества врнежи се очекуваат во западниот дел на Македонија.

Просечните вредности на температурата би требало да се задржат и во ноември, од 6 до 9 степени, а во западните планински делови се очекуваат пониски температури. Врнежите и во овој месец треба да бидат под просечните, освен во источниот дел на Македонија, каде што треба да се постигнат просечните количества.

Постои веројатност во есенската сезона да се појават периоди со постудено и суво време, како и веројатност за изразени позитивни отстапувања од средните вредности на температурата и врнежите.

Метеоролозите не ја исклучуваат можноста дека кон крајот на септември и почетокот на октомври може да има продолжение на летото, потопол и сув период.

Според историските податоци со кои располага УХМР, за есенската сезона е регистриранаа апсолутна максимална температура од 39,7 степени во Демир Капија на 5 септември 2015 година, а апсолутно минимална температура од минус 19 степени е измерена во Берово на 6 ноември 1995 година. Температурниот опсег на многугодишниот просек 1981-2010 година за есента е од околу 8 степени во планинските предели, до 16,9 степени измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период биле од 127 милиметри на квадратен метар измерени на метеоролошката станица во Штип, до 326,6 милиметри во Лазарополе.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS