mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

ЕЛЕМ објави повик за изработка на студија за ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“

ЕЛЕМ објави повик за изработка на студија за ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“

Типографија

АД „Електрани на Македонија“ објави повик на кој се бара економски оператор за изработка на предфизибилити студија за енергетските проекти „ХЕЦ Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“.

Основна задача на студијата е да се разгледаат можните варијанти за оптимално хидроенергетско искористување на водниот потенцијал на Црна Река и да се избере најповолната варијанта за реализација на двата значајни зафати.

  • Експлоатацијата на хидропотенцијалот на Црна Река е од посебен интерес за Македонија поради можноста за складирање на водата, којашто, пак, би се чувала за производство на електрична енергија во периоди од годината кога е најпотребно - велат од АД ЕЛЕМ.

Во јули годинава заврши јавниот повик за пројавување интерес за проектирање, изградба и концесионирање на ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“, објавен од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од студијата треба да произлезат нови и ажурирани податоци и параметри во врска со двата концепти за проектите. Исто така, треба да понуди оптимални опции во врска со тоа дали хидроелектраните треба да бидат конвенционални или реверзибилни, потоа, да понуди вредности за нивниот инсталиран капацитет, да ги даде најдобрите можни сценарија за редоследот на изградба, но и да ја прикаже нивната економска исплатливост.

Врз основа на избраното решение од предфизибилити студијата која ќе треба да се изработи во рок од девет месеци, ќе следи трета фаза, објавување јавен повик за проектирање, изградбаи концесионирање на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“. Реализацијата на двата проекта ќе значи енергетско зајакнување на Македонија, зголемување на уделот на обновливи извори на енергија и намалување на користењето на фосилни горива за производство на електрична енергија, нагласуваат од ЕЛЕМ.

Изградбата на двете хидроелектрани покрај бројните енергетски придобивки ќе има огромни економски ефекти преку ангажирање на домашната градежна оператива, а ќе се обезбеди и можност за наводнување и за поефикасна регулација на Црна Река.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS