Општина Кочани реализира јавна расправа за изградба на пречистителна станица за отпадни води.
Проектот е почнат од страна на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани и општина Кочани, со финансиска подршка од Швајцарската влада и Министерството за животна средина и просторно планирање.
- Јавната расправа има за цел да ги информира граѓаните на Кочани за оправданоста од изградбата на еден ваков објект за заштита на животната средина и значењето за идните генерации на општината и пошироко на регионот - вели Ѓорѓи Серафимов, претседател на Здружението на пензионери од Кочани.
Проектот има неколку компоненти коишто се однесуваат на проширувањето на канализациониот систем на Кочани, а е вклучена и изградба на главен колектор кој ќе ги собира отпадните води од Кочани и населените места Оризари, Горни и Долни Подлог и Мојанци.