mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Зајакнување на еколошкото движење и соработката со МЖСПП

Зајакнување на еколошкото движење и соработката со МЖСПП

Типографија

Зајакнување на еколошкото движење во Македонија и унапредување на заедничките стратегии и цели на еколошките граѓански организации беше цел на 13 годишна средба граѓански организации за животна средина и одржлив развој.

Средбата е организирана од Милиеуконтакт Македонија, во рамки на проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, а во соработка со Македонски Зелен Центар.

Целта на состанокот е да ја зајакне улогата на координативното тело за соработка помеѓу еколошките граѓански организации и Министерството за животна средина и просторно планирање, преку утврдување на клучните одговорности, формирање на работни групи, развој на акционен план и зајакнување на мрежата на граѓанските организации кои се активни на полето на животна средина и одржлив развој во Македонија . Состанокот обедини повеќе од 40 претставници од еколошки граѓански организации и претставници од МЖСПП со цел да се олесни неопходната соработка и да се поттикне дијалог со носителите на одлуки за важни прашања поврзани со климатските промени и животната средина.

Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, од 2012 година е поддржувач на годишната средба на граѓанските организации кои работат на полето на животна средина и одржлив развој, со цел зајакнување на еколошкото движење во Македонија, подигнувајќи ја свеста на еколошките граѓански организации за климатските промени и зајакнувајќи ја врската меѓу граѓанскиот сектор и носителите на одлуки во областа на животната средина и климатските промени во Македонија. Зајакнувајќи ја мрежата на еколошките граѓански организации, преку овие годишни средби, проектот ја промовира иновативната методологија Зелена агенда за развој на општински стратегии за климатски промени и видливите резултати на проектот кои ја зголемуваат локалната отпорност кон климатските промени во десет општини во Македонија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS