mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Хидрострој од Бугарија ќе гради водоснабдителен систем во Гевгелиско

Хидрострој од Бугарија ќе гради водоснабдителен систем во Гевгелиско

Типографија

Акционерското друштво „Хидрострој“ од Софија ќе го гради новиот водоснабдителен систем во бунарското подрачје кај Вардар во Гевгелија.

Ова го соопшти градоначалникот Иван Франгов по потпишувањето на договорот со претставниците на бугарската компанија.

  • Со реализацијата на овој проект ќе го подобриме постојниот водоснабдителен систем во Гевгелија со изведба на нови бунари кои ќе ја подигнат проектираната издашност на целиот бунарски систем од 150 до 200 литри вода во секунда или двојно повеќе од сегашната издашност на системот - нагласува Франгов.

Покрај ова, појасни тој, новиот водоснабдителен систем ќе содржи резервоар со капацитет од 1.000 метри кубни вода, потисен цевковод од бунарите до резервоарот со должина од 1.366 метри и нов доводен цевковод до крстосницата на кружниот тек кај поранешна „Алатница“.

Според договорот, изградбата на новиот водоснабдителен ситем чија што вредност изнесува повеќе од 105 милиони денари, треба да заврши до ноември 2017 година. Средствата за проектот се обезбедени од ИПА грант преку Европската инвестициска банка, преку подзаем од Светската банка за подршка на општински услуги и од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS