mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Планинари од Македонија и Бугарија се искачуваа на Голак

Планинари од Македонија и Бугарија се искачуваа на Голак

Типографија

Педесетина планинари од Македонија и Бугарија ја освојуваа планината Голак и врвот Чавка на 1.536 метри надморска висина.

Акцијата беше во организација на ПК „Планинари-Кадиица“ од Пехчево и ЕПК „ЕКО Планинари“ од Делчево. Марјан  Митриноски од пехчевското здружение истакна дека со оваа акција тие го заокружуваат планот на активности за оваа 2016 година.

  • На планинарската акција учествуваа планинари од Софија, Неготино, Македонска Каменица, Пробиштип, Валандово, Кочани и планинари од Делчево и Пехчево. На Голак и врвот Чавка се задржавме околу три часа, а гостите од кои повеќето присуствуваат првпат на оваа убава планина во Источна Македонија, беа воодушевени од погледот кој се отвора од Голак, од убавата шума, го посетивме манастирот Свети Пантелејмон, а на инсистирање на гостите, го посетивме и локалитетот Илин Камен кај делчевското село Ѕвегор каде им ја раскажавме легендата за каменот кој помага за лекување на неплодност кај жените - вели Митриновски.

Тој додаде дека овие планинарски акции се значајни за промоција на убавините од нашиот крај, а во плановите за наредната година, ќе работат на поголема промоција на планинарењето со што сакаат да привлечат поголем дел од љубтелите на природата и од соседните земји.

Планинарското  друштво Кадиица од Пехчево постои од 1948 година и има десетина актвни членови планинари, а се вклучени во неколку европски прокети поврзани со зачувување на животната средина и развојот на туризмот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS