mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Од браните Шпилје и Глобочица произведено повеќе струја од очекуваното

Од браните Шпилје и Глобочица произведено повеќе струја од очекуваното

Типографија

Хидроелектраните Шпилје и  Глобочица, кои го сочинуваат Хидроенергетскиот слив (ХЕС) Црн Дрим, минатата година произвеле 588 милиони киловат часови елекрична енергија, што е поголемо производство од планираното

  • Во двата објекта годишнот план не само што е реализиран, туку е и надминат. Во ХЕ Шпилје произведени се 355 милиони  киловат часови електрична енергија, што претставува 28,6 насто поголемо производство од планираното. Во  ХЕ Глобочица произведени се 234 милиони киловат часови, што значи 23  насто поголемо  производство - информираа од ХЕС Црн Дрим.

Во двете акумулации има сoлидна резерва вода, што е вообичаено за овој период од годината. Надлежните оценуваат дека врнежите од снег кои минатата недела го зафатија поширокиот дебарски регион, како и оние кои се најавуваат, се очекува поволно да влијааат врз хидрологијата во претстојниот период.

  • Поголем дотек вообичаено, се очекува напролет, кога почнува наглото топење на снегот во планините, но тоа е и  време на дождови. Како резултат на навреме реализираните ремонти и ревизии на електормашинската опрема, хидроелектраните се подготвенаи да ги прифати и преработи сите количини на вода кои се очекува да се слеат во акумулациите - нагласуваат од ХЕС Црн Дрим.

Планот за годинава е проектиран на 275 милиони киловатчасови за Шпилје и 184 милиони за Глобочица или вкупно двете електрани се планира да произведат 459 милиони киловат часови елекрична енергија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS