mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Загриженост во Охрид поради непознат мирис на нафта

Загриженост во Охрид поради непознат мирис на нафта

Типографија

Жителите на Охрид реагираат дека постојано чувствуваат мирис на нафта од шахтите во областа Охридати и Факултетот за туризам.

Тамошни жители бараат одговор од надлежните и да се најдат причинителите на ова загадување и незаконито дејание.

- Одговорот се бара затоа што ова е погубност по екологијата, особено по езерото каде не е исклучена можноста нафтените дамки да бидат и долж крајбрежјето. Имено, жителите се сомневаат дека за време на викенд, особено недела кога мирен е градот, некој скришно истура прегорена нафта во канализација со цел да се ослободи од трошоците за достава на истата. Апелираме да се истражи случајов, не да се креваат раменици. Треба здрава животна средина и на идните генерации да им оставиме. УНЕСКО статусот веќе подолго време виси во воздух - апелираат охриѓани.

Жителите поднеле писмено барање до комуналната инспекција од каде им било кажано дека ќе извршат увид на терен. Од локалната самоуправа заедно со претставници од ЈП „Нискоградба“ провериле за што станува збор и утврдиле дека шахтите се чисти и дека нема никакви остатоци на масло, нафта или хемикалија. Но поради тоа што постојано има миризба тоа ќе се испитува дополнително. Доколку се утврди кој е сторителот тој ќе подлежи на санкции бидејќи ова е директно загадување на животната средина каде последиците можат да бидат подалекусежни.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS