mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

МЕД заврши со зимското пребројување на птици

МЕД заврши со зимското пребројување на птици

Типографија

Заврши зимското пребројување птици во Македонија.

Во два викенда членови на Македонското еколошко друштво (МЕД) извршија зимско пребројување на птици. Во првиот викенд тие работеле на броење на птиците на Преспанско и Охридско езеро. Таму се во вкупен број од 27 илјади и 9.500 единки птици соодветно.

Вториот викенд се изброени птиците на Дојранско езеро, каде ги имало околу 6.100 единки, а неколку стотини птици се избројани и на други влажни станишта и акумулации во регионот.

Како што информираат од МЕД временските услови биле предизвик, особено на Дојранско езеро кое било потполно заледено, со десетина отвори во мразот кои биле прибежиште на многу птици.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS