mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Планинарска акција Излези и диши

Планинарска акција Излези и диши

Типографија

Осумдесет планинари, ентузијасти и љубители на природата се искачија на Царев врв на Осоговските Планини во акцијата на Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин камен “ од Крива Паланка.

Акцијата насловена „Излези и диши “ се организира вторпат, во соработка со „I love hiking group Macedonia “.

  • Ова е уште една акција од иницијативата „Излези и Диши на „ I love hiking group Macedonia“ во насока на  зголемување на свеста за сопственото здравје кај се поголем број активни луѓе, воедно и зголемување на бројот на активни луѓе по планините. Нашето здружение и годинава е дел од иницијативата и имавме прекрасно дружење на планина во пресрет на пролетта - вели Теодор Јовановски од „Калин Камен“.

Патеката е со почетна точка на 1.400 метри надморска височина, со висинска разлика од 745 метри.

  • Царев врв е на 2.084 метри надморска височина, патеката е  долга околу 18 километри, а учесниците, педесет луѓе од Скопје и 30 од Крива Паланка поминаа еден совршен ден во идеални услови  за планинарење - додаде Јовановски.

Наредна акција на „Калин Камен“ е дводневен настан за искачување на Пелистер, на 2.601  метар надморска височина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS