mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Акција за чиста и зелена Крива Паланка

Акција за чиста и зелена Крива Паланка

Типографија

Во Крива Паланка се одржа акција за чист и зелен град.

Акцијата опфати собирање на отпадоци од јавните и зелените уредени и неуредени површини, крајпатни површини, паркиралишта, спортски терени, речни корита, дворни површини на колективните згради и институциите. Екипи на ЈП „Комуналец“ спроведоа миење на улици, кроење дрвореди, засадување цвеќиња и садници, чистење на поголеми депонии.

Локалната самоуправа на општина Крива Паланка и јавното претпријатие „Комуналец“ тековно спроведуваат пролетна акција за средување и чистење на градот преку активности за чистење на регулациите на доловите и уредување на одредени јавни и зелени површини.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS