mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Видео: Македонија за Часот на планетата земја

Видео: Македонија за Часот на планетата земја

Типографија

Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјална фотографија направена на Водно во Скопје, на која пишува EarthHourMK, која беше прогласена за најубава слика направена за акцијата низ цел свет!

Исто така, беше направена и посебна видео компилација за акцијата во Македонија со инсерти од исклучувањата во Скопје и Охрид, но и со дел од малите дечиња, поддржувачи на акцијата од нашата земја, кои на англиски јазик велат „Промени ги климатските промени!“ и „Заблескај светлина на климатските промени!“

- Македонија покажа дека ја има моќта да направи промена. Скопје и Охрид уште еднаш се вклучија во фамилијата на големи светски метрополи кои го одбележаа Часот на планетата Земја. Во нашиот медиа центар пристигнаа голем број на фотографии и видеа од одбележувањето на Часот на планетата Земја низ целата Република и сме навистина среќни што охрабривме толку голем број на луѓе да ги исклучат светилките во своите домови! Ова немаше да биде успешно без поддршката на Градот Скопје, Градот Охрид и Црвениот крст на Република Македонија - изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.

Како што информира Град Скопје, во периодот од 20:30 до 21:30 часот без осветлување беа плоштадот Македонија со спомениците, Камениот мост, Скопската тврдина Кале, мостот „Око“ и Мостот на уметноста.    

Акцијата „Часот на планетата Земја 2017“ се спроведува во 170 држави низ светот со симболично исклучување на светилките во времетраење од еден час како порака за спас на планетата и за намалување на климатските промени.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS