mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Викендов искачување на Титов Врв

Викендов искачување на Титов Врв

Типографија

Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово по 36-ти пат викендов ќе го организира традиционалното искачување „Титов Врв“.

Како што информираат од планинарскиот клуб настанот што традиционално се организира последниот викенд во мај е дел од прославата по повод „Денот на Европа“, организирана од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, а годинашното мото на искачувањето е Планинскиот цвет и пластичниот смет не одат заедно! Да ја зачуваме животната средина за поздрава иднина!.

Според досегашните најави, организаторите очекуваат на највисокиот врв на Шар Планина Титов Врв со надморска висичина од 2.747 метри да се искачат над 800 планинари од Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска и Словенија.

Активностите почнуваат утре кога на Попова Шапка се очекува да пристигнат најголем дел од пријавените гости додека свеченото отворање на меѓународната планинарска манифестација Титов Врв 2017 се закажано за 19 часот во хотелот Славија. Истата вечер ќе се одржи и состанокот со водачите на екипите за детално објаснување околу условите за искачување. Тоа ќе се рализира во недела со почеток од 6.30 часот кога колоната треба да тргне од пред платото на хотелот Попова Шапка кон врвот.

  • Како и секоја година традиционално искачувањето оди по Вакуфска патека што едолга 14 километри со висинска разлика од 1.047 метри. Вообичаено искачувањето на сите планинари трае околу четири часа. Многу е важно од безбедносен аспект да се почитуваат мерките на организаторите и движењето да оди по оваа предвидена патека, а не по другите кои исто така водат до Титов Врв. Тој е достапен за искачување во секој дел од годината, но на овој датум ние сакаме тоа да биде според предвидената програма. На три места по оваа патека ќе има три пункта на Вакуф, на Снежниот јазик и по самиот врв. Обезбедена е спасителна служба, медицинска екипа, а имаме и контак со Центарот за управување со кризи доколку е потребно да се ангажира хеликопетер. Ние како организатори секако ќе реагираме на каков било проблем и за планинарите што нема да бидат на поосчената патека но се разбира тоа нема да можеме да го направиме веднаш и токму затоа е потребо сите да се придржуваат до нашите препораки - вели претседателот на ПК Љуботен Јован Божииновски.

ПК Љуботен е формиран во 1925 година и е најстар активен планинарски клуб во Македонија. Во досегашните 35 изданија на оваа манифестација околу 23 илјади планинари од Македонија и странство се искачиле на Титов Врв.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS