mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Гоу грин: дали се доволни само инвестиции и работни места?

Гоу грин: дали се доволни само инвестиции и работни места?

Типографија

Се рестартираат две еколошки жешки точки во Македонија кои од поранешното работење имаат се` уште депонии од тешки метали, и со години загадуваат, реагира организацијата Гоу грин - Биди зелен, во врска со повторното отворање на два затворени рудника.

Оттаму изразуваат загриженост и во врска со рудникот за злато во Иловица што е најавен дека ќесе отвори. Велат дека тој ќе употребува цијанид кој ќе ги загади водите и почвите, како и дека од претходното работење на фирмата во Бугарија, Грција и Романија, последиците за локалното население се фатални.

  • Земјоделството е во опасност и храната и водата е веќе со потврдени повисоки нивоа на тешки метали од несовесната работа на рудниците! Дали се доволни само инвестиции и работни места - објавија од Гоу грин на својата фејсбук-страница.

 

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS