Во Македонија во јуни годинава вкупно се потрошени 537.426 мегават часови електрична енергија, 3.754 милиони нормални кубни метри природен гас, 281.551 тони јаглен и 114.698 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Од вкупно потрошената струја, 68,1 е од домашно производство, а 31,9 е покриена со увоз. Според податоците на заводот за статистика, 55,2 отсто од домашно произведената струја била од хидроелектричните централи, 41,7 отсто од термоцентралите, 1,7 отсто од ветерни централи и по 0,7 отсто од соларни и од биогасни централи.
Во споредба со јуни минатата година, производството на струја од хидроцентрали се зголемило за речиси 79 отсто, а од термоцентрали се намалило за околу 40 отсто.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS