На плоштадот Македонија, утре (среда 12.10.2016 година) ќе се организира настан како дел од националната кампања за адаптација на земјоделството кон климатските промени.
Настанот ќе почне во 12 часот и на него предвидено е да присуствуваат амбасадорот на Сојузна Република Германија, Кристине Алтхаузер, македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и претседателот на ЦЕД Флорозон Кирил Ристовски.
Активноста се спроведува во рамките на проектот „Локална акција за глобална климатска адаптација“.