mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Завршена проценката од поплавите во Ѓорче Петров

Завршена проценката од поплавите во Ѓорче Петров

Типографија

Вкупно 7.126.810 денари е проценетата штета во скопската општина Ѓорче Петров, од поплавите кои во август годинава го зафатија подрачјето на главниот град.

Ова се резултатите на Комисијата за увид и проценка на штети од поплавите од општината Ѓорче Петров, која спровела теренска роверка од 10 до 15 август годинава. Комисијата извршила увид и изготвила записници по сите пријави за штети од граѓани доставени до архивата, заклучно со 15 август 2016 година.

  • Излезено е на увид по 207 пријави. Изготвени се исто толку записници поткрепени со фотографии - информираат од општината Ѓорче Петров. 

Штети од категоријата А или најтешко погодени семејства се 33, средно погодени семејства се 82, а од категорија Ц или полесно погодени семејства има 18. Без категорија или некатегоризирани по разни основи се 74 семејства.

Сите материјали од увидот се предадени во архивата на Владата на понатамошно одлучување.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS