По објавата на податоците од мерната станица во Карпош за енормно загадување во Општина Карпош и присуство на 1.218 ПМ10 честички во текот на викендот, повеќемина граѓани на социјалните мрежи посочуваа на можните загадувачи на територијата на Општина Карпош.
Според дојавите и снимки од жители на Карпош, во периодот кога имало најголемо загадување, од повисоките места во Карпош, кај манастирот Свети Пантелејмон, е забележан облак кој се движи долж течението на реката Лепенец кон Карпош.
Поточно, според нивните кажувања, најверојатно станува збор за ПМ честички кои се нуспроизвод од изработка на градежни материјали, а токму во тој дел кај Качанички пат се наоѓа најголемата цементарница на соседно Косово, но и други помали индустриски капацитети за произвидство на гипс и други градежни материјали.
Во секој случај, Општина Карпош очекува од надлежните државни инспекциски служби задолжени за заштита на човековата околина да го лоцираат најголемиот потенцијален загадувач и соодветно да реагираат, со цел да се спречат вакви испади.