Околу 40 отпадни гуми од различни типови на возила собрани се во акцијата во населеното место Вардариште и предадени се на фирма овластена за постапување со ваков отпад.
Акцијата за собирање отпадни гуми во Вардариште ја реализираше комуналната инспекција и инспекција за животна средина на општина Гази Баба во соработка со Министерството за внатрешни работи и Јавното претпријатие Гази Баба.
На оваа локација, како што соопштуваат од општина Гази Баба, во непосредна близина на поранешната градска депонија Вардариште живее ромско население во субстандардни услови и има опасност од спалување на гумите за загревање и користење на корисните компоненти.
- Општина Гази Баба редовно организира вакви акции со цел намалување на ризикот од потенцијално загадување на воздухот од спалување отпад - стои во соопштението од општина Гази Баба.