mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Акција на Град Скопје за расчистување на општините

Акција на Град Скопје за расчистување на општините

Типографија

Град Скопје во Општина Кисела Вода ја почна 14 пролетната акција на чистење и средување на општините во градот.

Во рамките на овие посети, градоначалниците на Град Скопје и на Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец-Алексиќ заедно со директорите на градските јавни претпријатија и претставници на градската администрација, ќе оствари средби со претставници на урбаните заедници кои функционираат во општините.

  • Овие средби претставуваат одлична можност да се сретнеме со претставниците на урбаните и на месните заедници од сите општини и да ги слушнеме мислењата на граѓаните за проектите на Градот Скопје и нивните потреби. На овие средби разговараме за прашања кои се во надлежност на Градот и јавните претпријатија, како што се сообраќајот, јавниот превоз, комуналната хитиена, одржувањето на зеленилото и за многу други прашања - истакна Трајановски.

Ваквите средби, според Трајановски, придонесуваат за подобрување на меѓусебната комуникација, зголемување на квалитетот на работата на јавните претпријатија и реализација на голем број на проблеми  на терен.

Градоначалничката Беличанец-Алексиќ појасни дека акцијата во Општина Кисела Вода ќе трае пет дена, и дека општинските служби ги детектирале сите аномалии кои веќе ги доставиле до одговорните на Јавните претпријатија при што почнале со нивно отстранување.

  • Во наредниов период Општина Кисела Вода ќе се вклучи и во акцијата за зазеленување на општината, при што ќе бидат засадени голем број на садници бидејќи доаѓа пролета, а после долгата зима ликот на Кисела Вода ќе биде изменет - рече Беличанец-Алексиќ.

Паралелно со средбите со урбаните заедници и претставниците на општинските администрации, јавните претпријатија на Градот Скопје ќе спроведуваат засилени активности во период од пет денови, при што ќе извршуваат работи кои се во нивните надлежности.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS