mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Еко-работилница на учениците од Јан Амос Коменски

Еко-работилница на учениците од Јан Амос Коменски

Типографија

Во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во општина Карпош се одржа еко работилница во пресрет на 25 март - глобалниот настан „Час на планетата Земја“.

Во рамки на работилницата учениците изработуваа едукативни постери со еколошки пораки. Користејќи пластични капачиња и кеси учениците составија колаж на тема „Да ја зачуваме планетата Земја“. Тие изградија и т.н. Ветерен парк од пластични шишиња, чаши, хартија, картон и камчиња со цел да ја пренесат пораката за поголемо искористување на обновливите извори на енергија.

Изработените творби ќе бидат изложени во трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ за време на престојниот викенд со цел граѓаните да се информираат за глобалниот настан, којшто треба да влијае кон подигнување на еколошката свест и заштитата на животната средина.

Eко-работилницаta ја организираше Одделението за заштита на животната средина и природата од општина Карпош во соработка со ЗГ „Центар за климатски промени“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS