Почна изградбата на нов фекален колектор по должината на булеварот Партизански одреди во Скопје. Како што информира скопскиот градоначалник Коце Трајановски, тој ќе биде со вкупна должина од 1.246 метри и ќе биде изграден на потегот од крстосницата со улицата Московска до таа со булеварот 8-ми Септември.
На овој потег ќе бидат поставени канализациски цевки со профил Ф-500 милиметри, а ќе бидат направени и 25 шахти. Според Трајановски, новиот колектор значително ќе го зголеми капацитетот на постојната фекална мрежа која е со помал капацитет и предизвикува чести затнувања.
Градот Скопје од буџетот за овој проект ќе издвои околу 17 милиони денари. За изведувач на работите е ангажирана компанијата „Вардар градба“ од Скопје.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS