Ако некогаш сте се запрашале зошто некои домашни мачки имаат ѕвонче на ременот, тоа е затоа што мачките се напасници, и тоа бесшумни, па така би се избегнал каков било ненадеен напад.
Според неодамна објавеното истражување, мачките и другите слични инвазивни цицачи се огромен фактор во рамнотежата во животната околина.
Австралискиот еколог Тим Доерти и неговите колеги постојано ја следат „Црвената книга за загрозени видови“, за да воочат кои видови го предизвикуваат исчезнувањето на други. Тука, освен глодарите, секако, спаѓаат и мачките и кучињата, па дури и оние домашните, кои се „припитомени“.
- Вкупно 596 загрозени и 142 исчезнати видови трпат негативен ефект од 30 видови грабливци - рече Доерти.
Според истражувачите, инвазивните грабливци имаат најголем удел во изумирањето на загрозените видови, оти се одговорни за исчезнувањто на 58 отсто од птиците, цицачите и влекачите. Тој број би можел и да порасне, бидејќи моментно 23 видови се сметаат за „веројатно исчезнати“.
Мачките се ловци по природа. Тие ловат и кога немаат потреба од храна, па често го убиваат пленот без да го изедат. Секој кој поседува вакво милениче бил сведок на тоа.
Сепак, дали ременот со ѕвонче е решение? Повеќето мачки можат и покрај тоа да развијат вештини на доволна брзина и бесшумност при ловот. Многу сопственици наместо тоа употребуват светлечки каивчиња. На крајот на краиштата, се чини најдоброто решение е да ги чуваме нашите домашни миленици дома и, при изнесувањата надвор да обрнуваме повеќе внимание на нив, препорачуваат познавачите.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS