Седум вида на пчелите кои до пред неколку години ги имало во изобилство на Хаваи, сега се наоѓаат на листата на загрозени видови во САД.
Федералниот регистар за флора и фауна ги класифицира седумте видови на пчели како загрозени, поради фактори како што се губење на живеалиштата, шумски пожари и инвазијата на туѓи видови растенија и инсекти.
Најновите истражувања откриле дека популацијата на пчелите на Хаваи се намалува исто како и на другите видови на диви пчели, како и на некои комерцијални видови.
Инсектите-опрашувачи, како пчелите, се од суштинско значење за производство на овошје и зеленчук и тие придонесуваат со милијарди долари во вредност секоја година на земјоделската економијата на земјата.