Русија одлучи да го суспендира Договорот со САД за соработка во областа на нуклеарното и енергетското истражување и развој, објави руската Влада.
Договорот беше потпишан на 16 септември 2013 година во Виена.
Владата на Русија. исто така соопшти дека е суспендиран и Договорот меѓу државните фирми за нуклеарна енергија Росатом и американското Министерство за енергетика за конверзија на руските истражувачки реактори со високо збогатен на ниско збогатен ураниум.