mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Централна Азија станала пустина поради планините

Централна Азија станала пустина поради планините

Типографија

Една нова студија открива како регионот на Централна Азија пресушил во изминатите 23 милиони години и станал едно од најсушните подрачја на светот.

Со неа се фрла поглед на драматичните климатски промени што настанале поради геолошките процеси што довеле до издигнувањето на денешните планини.

Пред подолго време науката утврдила дека со издигнувањето на Тибетската висорамнина и на Хималаите пред 50 милиони години, се блокирал патот на врнежите кон Средна Азија, поради што многу растенија што претходно растеле таму, изумреле.

Новата студија, пак, покажува дека уште поголемо влијание врз тоа имало издигнувањето на помалку познати планински венци што се случило пред помалку време. Тоа се планините Тијан Шан и Алтај, кои дополнително го спречиле продорот на влага од север и од запад. Како резултат на тоа, големата област која денес се протега од Западна Кина, преку Монголиј до Источен Таџикистан, станала сушно подрачје со песочни дини.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет