mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

САД: 24 држави бараат Трамп да ги спаси термоцентралите од Обама

САД: 24 држави бараат Трамп да ги спаси термоцентралите од Обама

Типографија

Претставници на 24 американски сојузни држави (од вкупно 50) побарале од новиот претседател Доналд Трамп да го укине централниот дел од климатската стратегија на претседателот во заминување Барак Обама, според кој треба да се затворат термоцентралите на јаглен.

Оваа коалиција од држави побарала од новата републиканска власт да го смени планот за чиста енергија, кој беше усвоен од досегашната демократска администрација. Според овој план, до 2030 година нивото на емисии на јаглерод диоксид треба да биде за 32 проценти пониско од референтното ниво во 2005 година. Спроведувањето на овие мерки засега е замрзнато од Врховниот суд на САД поради законски недоречености.

Иницијативата ја водат државите Западна Вирџинија и Тексас, кои бараат Сенатот да ја спречи Агенцијата за заштита на околината да воведува такви мерки и во иднина.

  • Наредбата да се повлече планот треба да содржи објаснување дека тој е незаконски и дека Агенцијата не смее да го спроведува. Важно е со таа наредба да се испрати силна порака до државите и до надлежните институции дека новите правила нема да се применуваат - вели Патрик Морисеј, генерален адвокат на државата Западна Вирџинија.

Новиот кабинет на Трамп веќе се полни со кандидати од државите што се најголеми произведувачи на фосилни горива. Генералниот адвокат на Оклахома Скот Пруит, кој беше остар противник на мерките на Обама за борба против климатските промени, се подготвува да застане на чело на Агенцијата за заштита на околината, додека Рик Пери, поранешен гувернер на Тексас и скептик за климатските промени, се најавува како нов прв човек на Одделот за енергија. Во својата предизборна кампања Доналд Трамп ветуваше дека ќе ги заживее индустриите за нафта и гас и ископувањето јаглен така што ќе ги намали федералните ограничувања, како и дека ќе ја повлече државата од меѓународниот договор за борба со климатските промени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет