Светскиот економски форум објави видео со кое се сугерираат пет мерки што светот треба да ги преземе за да се намали глобалното затоплување во наредниве 10 години.
Првата мерка е да се исфрли јагленот од употреба во производството на енергија. Втората е да се воведе електричен превоз, почнувајќи од автомобилите. Со третата се предвидуваат „зелени домови“, кои треба да бидат енергетски што понезависни. Четвртата, пак, е препорака во земјоделството да се употребуваат технологии што максимално ги ограничуваат емисиите на јаглерод диоксид. И петтата е веднаш да се запре со сечата и деградацијата на дождовните шуми насекаде.
Ако се спроведе сето ова, според Светскиот економски форум, глобалното затоплување ќе се задржи на 1,5 Целзиусови степени.