mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

ЕУ ќе обезбеди 92 милиони евра за гасовод меѓу Романија и Молдавија

ЕУ ќе обезбеди 92 милиони евра за гасовод меѓу Романија и Молдавија

Типографија

Европската Унија, Европската банка за обнова и развој и Европската банка за инвестиции предлагаат финансиски пакет во износ од 92 милиони евра за изградба на гасовод којшто ќе ги поврзува Романија и Молдавија.

Двете банки ќе одобрат по 41 милион евра, а ЕУ - 10 милиони евра. Средствата ќе бидат доставени на сметката на државната компанија Вестмолдтрансгаз, којашто ќе го изгради и ќе раководи со гасоводот.

Финансирањето е одобрено врз основа на планот за поддршка за енергетската безбедност на Молдавија.    

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет