mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

На една германска плажа „испливале“ околу 100 илјади Киндер јајца

На една германска плажа „испливале“ околу 100 илјади Киндер јајца

Типографија

Десетици илјади Киндер јајца биле исфрлени од море на брегот на германскиот остров Лангеог, еден ден по големата бура во овој крај.

Децата и возрасните потрчале на плажите преполни со црвени, сини и жолти пластични кутивчиња со играчки. Тие се протегале во должина од неколку километри.

  • Веројатно има повеќе од 100.000 јајца - изјави началникот на Лангеог, Уве Гарелс.

И додека децата се радувале, нему тоа воопшто не му било смешно.

  • Ова е големо еколошко загадување и голема опасност за животните - додаде Гарелс.

Властите веруваат дека Киндер јајцата потекнуваат од пет контејнери што испаднале од товарен брод во текот на бурата.

Киндер јајцата на брегот испливале без чоколадниот омот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет