mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Бе-ем-ве ќе плати казна поради тест возење во природа во Словенија

Бе-ем-ве ќе плати казна поради тест возење во природа во Словенија

Типографија

Германската автомобилска индустрија Бе-ем-ве можно е да плати високи казни во Словенија поради тест возење во природата.

За организирање на возење со кое Бе-ем-ве го тестирал својот интелегентен систем фирмата ги немала добиено сите потребни дозволи и со тоа го прекршил законот за заштита на природата.

За тестирање на системот вграден во тешкото товарно возило Бе-ем-ве од Словенија има добиено дозвола од сопствениците на земјиштето и локалната заедница во Крањска Гора и Рогли, но тестовите се направени без дозвола од надлежното Министерство за животна средина.

Пробното возење е прекинато, а против баварската компанија е покрената прекршочна постапка. За секое такво возење Бе-ем-ве би можело да плати казна од 10 илјади евра.

Словенечкиот закон за заштита на природата забранува организирано возење моторни возила во природата, како и застанување или паркирање на такви возила во шума или на трева.

Дополнителен проблем за Бе-ем-ве е тоа што тестовите биле изведени на некои терени под снег кои се мочуришта под посебен надзор и заштита.

Од Инспекторатот за животна средина и природа потврдуваат дека против организаторите на пробното возење се поднесени прекршочни пријави, а за секој таков случај на кршење на законот за заштита на природата е предвидена казна од 10 илјади евра.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет