mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Две германски фирми ќе го финансираат рускиот гасоводен проект Северен тек 2

Две германски фирми ќе го финансираат рускиот гасоводен проект Северен тек 2

Типографија

Пет европски компании од кои две се германски ќе дадат по речиси една милијарда евра заем за финансирање на рускиот гасоводен проект „Северен тек 2“ кој ќе биде спроведен од руската државана компанија „Газпром“. Ова го објави концернот сопственик на новиот европски енергетски проект.  

И покрај тоа што голем дел од земјите членки на ЕУ се противат на нови руски енергетски проекти затоа што со тоа се зголемува зависноста на Европа од руски енергенси и го прекршува принципот на унијата за диверзификација на енергенсите,  две германски компании Винтершал и Унипер со дозвола од владата во Берлин ќе дадат по 950 милиони евра како заем за „Газпром“.

Покрај нив заем со иста вредност ќе дадат и англо - холандската компанија „Ројал - Дач Шел“, австриската „ОМВ“ и француската „Енги“ остатокот од 5 милијарди евра или 50 отсто од вредноста на проектот ќе го покрие руската страна.

„Газпром“ и досега беше најголем дистрибутер на енергенси во Европа, а со новиот проект и покрај противењето на Европската Комисија ќе стане доминантен снабдувач на европскиот пазар кој што и покрај тоа што ќе ги загрози антимонопослите закони во ЕУ се спроведува од страна на компании на најмоќните европски држави. Гасоводот „Северен тек 2“ ќе пренесува гас од Русија преку Балтичкото море до градот Грајфсвалд на североисток на Германија и со тоа администрацијата на Путин добива стратешка енергетска комуникација со ЕУ без притоа да се плаши од блокада на руските енергенси кои сега се дистрибуираат преку Украина.

Според весникот „Фајненшл тајмс“ против рускиот проект отворено се Полска, балтичките земји Литванија, Летонија и Естонија, а за поставување на гасоводот на дното на Балтичкото море проектот ќе мора да добие согласност од Данска, Шведска и Финска. Данската влада предходно најави дека ќе иницира законски промени со кои ќе може да го блокира проектот на база на загрозување на геополитичките интереси.

Европската Комисија одби да ги коментира информациите за заемот што пет европски компании го даваат на руската државна фирма во исто време додека Москва е под санкции на ЕУ и САД. Во обидот да најде правна основа за проектот Европската Комисија годинава донесе заклучок дека европската легислатива за енергија не важи за овој гасовод со што се согласи и германската влада. Брисел планира допрва да почне преговори со Москва на кои ќе се залага за транспарентност во изведбата на проектот, недискриминација при утврдување на таксите за транспорт на гасот, пристап од трети фактори до гасоводот како и јасна поделба меѓу фирмите кои се одговорни за дистрибуцијата и правните субјекти кои што се занимаваат со обезбедување на енергенсот.

Почетокот на работите на „Северен тек 2“ се очекуваат наредната година, треба да биде функционален во 2019 година, а трасата ќе минува паралелно со проектот „Северен тек 1“ кој со години носи руски гас во ЕУ.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет