mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Студија: птиците се поприспособливи отколку што се мислело

Студија: птиците се поприспособливи отколку што се мислело

Типографија

Видовите птици чија бројност се зголемила се шират и во области со различни климатски услови од оние што се типични за нив, покажало едно ново истражување на популациските трендови на 46 видови птици во Северна Америка.

Според оваа студија, видовите чија популација се зголемила се прошириле врз поширок спектар климатски услови, а оние чиј број се намалил, на потесен.

Истражувањето го направил Џоел Ралстон, експерт за екологијата на птиците, и неговите колеги од универзитетот Масачусетс.

  • Видовите со релативно стабилни популциски трендови се задржуваат на истите подрачја. Веруваме дека ова е само прва студија која ја истражува врската меѓу популациските трендови и спектарот на климатски услови што еден вид го покрива - вели Ралстон.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет