mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Мачка посвои мајмунче во Русија

Мачка посвои мајмунче во Русија

Типографија

Во Сибир, мачка зеде во своја заштита бебе мајмун, кое претходно останало напуштено од својата мајка, јавуваат руски медиуми. Беспомошното суштество од расата сајмири, го доби името Фјодор. Татјана Антропова, управничка на зоолошката градина во сибирскиот град Тјумењ, претходно го згрижила мајмунчето кај себе дома, но била изненадена од тоа како нејзината 16-годишна мачка Росинка го прифатила сето тоа.

  • Го носеше на грб и го тешеше. Но, поради годините на мачката, по некое време малиот мајмун почна да ја заморува. А, стана и безобразен, па почна да ја гризе и штипе - рече Антропова.

Росинка сепак треба да издржи уште само еден месец, за мајмунчето да порасне доволно, така што ќе може да се врати во зоолошка и да им се придружи на другите мајмуни.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет