mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Србија не е прекумерно озрачена со радон

Србија не е прекумерно озрачена со радон

Типографија

Просечната годишна концентрација на природниот радиоактивен гас радон во Србија е 105 бекерели по метар кубен и е во границите на европскиот просек.

Според Агенцијата за заштита од радијација и нуклеарна безбедност на Србија за време на националната кампања за мерења на концентрација на радон, која била спроведена во текот на 2015 и оваа година е поделена на 6.000 детектори и резултатите покажале дека во 87 отсто од становите и куќите во кои се извршени мерења, концентрацијата на радон е во очекуваниот опсег во однос на постоечките препораки во согласност со типот на изградба.

Од Агенцијата велат дека кај 4.137 мерења е утврдено присуство на радон под законски пропишаните нивоа за годишна концентрацијана тој гас за новоизградени објекти, а која е 200 бекерели по метар кубен. Според податоците од Агенцијата на територијата на Србија не се издвојува ниту една област со висока концентрација на радон, додека реонот на Зрењанин, Смедерево и Пожаревац се во средната вредност, а Крагујевац и Пирот со најниско забележани концентрации.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан