mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Екологистите бараат одговори за пожари во заштитена зона во Бугарија

Екологистите бараат одговори за пожари во заштитена зона во Бугарија

Типографија

Коалицијата „За да остане природа во Бугарија“ упатила писмени барања до министерствата за животна средина и води, и за земјоделство и храна, поради опожарувањето на над 100 хектари степи во заштитената зона Калијакра, кон крајот на август и почетокот на септември годинава.

Екологистите предупредуваат дека одговорните институции не си ја вршеле работата во тие случаи на палежи и разорување на вредните степи, и дека не презеле никакви дејства за да ги спречат овие појави. Тие ги прашуваат двете министерства дали сега ќе направат нешто за да овозможат да се регенерираат уништените подрачја. Тие прашуваат и дали се планираат инвестициски проекти одобрени од министерствата во тоа подрачје, и какви.

Организацијата го повикува и обвинителството да почне истрага за уништувањето на животната средина. Според нејзините членови, треба да се истражи дали е извршена неправила пренамена на земјиштето од пасиште во нива.

Калијакра е заштитена зона од европската еколошка мрежа „Натура 2000“, зашто е место каде што доаѓаат ретки птици, поради степската вегетација што се сретнува исклучиво на тоа место. Инцидентите со пожарите доаѓаат откако Бугарија веќе еднаш беше осудена од судот на Европската унија по поднесена пријава од Европската комисија, затоа што недоволно го заштитила ова подрачје.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан