mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Бувови настрадале од затруени глодари во Србија

Бувови настрадале од затруени глодари во Србија

Типографија

Четири единки од долгоушест був биле најдени мртви во Србија откако се хранеле со затруени глодари, соопшти Македонското здужение за бувови.

  • Лоша вест од нашите колеги од соседна Србија. Под крошната на една врба на која со години е зимско собиралиште на Долгоушестиот був (Asio otus) се пронајдени четири  мртви и два се уште живи бувови. Се работи за отров на база на антикоагуланси кој бил расфрлан во близината со цел да се уништат глодарите - информираат од здружението.

Оттаму потсетуваат дека исхраната на бувовите со затруени глодари е кобна за нив и тоа е најголемата причина за намалувањето на нивната популација.

  • Наместо да внимаваме како ги користиме отровите,  воопшто да не ги користиме - порачуваат од здружението.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан