mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Смрековиот поткорник ги уништува хрватските шуми

Смрековиот поткорник ги уништува хрватските шуми

Типографија

Хрватските шуми се нападнати од наезда на штетникот смреков поткорник, особено во регионот на Горски Котар, предупредуваат експертите.

Како што вели професорот на загрепскиот шумарски факултет Ивица Тиквиќ, штетникот може во овој регион да уништо до 30 отсто од шумите, ако епидемијата продолжи да се шири со сегашниот интензитет. На подрачјето на Чабра се загрозени повеќе од половина од шумите, додава Тиквиќ.

Секретарот на Хрватското шумарско здружение Дамир Делач објаснува дека поткорникот ги напаѓа ослабените стебла на смреките. Тој порачува дека веќе е време тие стебла да се заменат со ели или со буки. Поткорникот, додава Делач, потоа се шири на здравите стебла.  Дополнителен проблем е што поради законски недоречености, надлежните институции не можат да се координираат за да го забават или да го спречат ширењето на паразитот, што ја предизвикало сегашната пандемија. Затоа стручњаците бараат помош од надлежните европски тела.

Словенија имаше многу поголем проблем со смрековиот поткорник, но успеа да ја санира штетата, поради што хрватските експерти бараат да се следи тоа искуство. Во барањето решение за проблемот се вклучени и хрватската европратеничка Маријана Петир и директорот на хрватскиот дрвен кластер, Маријан Кавран.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан