mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Унгарската бодликава жица го нарушува движењето на дивите животни

Унгарската бодликава жица го нарушува движењето на дивите животни

Типографија

Бодликавата жица на унгарската граница го нарушува природното движење на илјадници елени и други диви животни.

Големи стада од црвените елени претходно слободно се движеле на хрватско - унгарската граница и постојано им се зголемувал бројот во тој дел од Европа. Но, активистите за заштита на околината и ловци од Хрватска сега предупредуваат дека бројот на елените почнал да се намалува откако пред една година е поставена бодликавата жица. Во прво време елените се заплеткувале во жицата и умирале, но за кратко време животните се научиле да ја препознаваат опасноста.

Хрватските активисти за заштита на природата предупредуваат дека бодликавата жица може да има големо влијание врз популацијата на елени особено во делот кој се наоѓа во Хрватска.

  • На сите им е јасно дека оградата не е препрека за луѓето за кои е подигната. Таа прави проблеми само за животните и ги спречува да мигрираат во потрага по храна и се друго што им е потребно - вели Марио Ромулиќ, хрватски фотограф и активист за заштита на околината. 

Унгарската влада ги отфрла грижите и наведува дека животните добро се прилагодуваат во промената на живеалиштата.

  • Промената на границата е „привремена појава“ и тоа нема да влијае на генетиката на дивите животни - додаваат од унгарската влада.

Женските елени патуваат во стада, а машките остануваат со нив самово сезоната на парење. Оваа година пристапот на машките елени до женските беше блокиран, вели Паво Дамјанов од ловечки клуб во Хрватска додавајќи дека сезоната на парење оваа година не била како минатите затоа што имало недостаток од машки елени.

  • Се надевам дека големите стада на елени повторно ќе можат слободно да се движат преку границата - додава Ромулиќ.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан