mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Платформи за штрковите гнезда во три бугарски области

Платформи за штрковите гнезда во три бугарски области

Типографија

Екипи на компанијата „Енерго-про“ монтирале заштитни платформи за гнездата на штрковите врз столбовите на електродистрибутивната мрежа во областите Добрич, Силистра и Трговиште.

Целта е да се спречи можноста птиците да ја допрат електричната мрежа и да угинат од ударот. Платформите се поставуваат на клучни места со цел да го заштитат животот на птиците и да го намалат ризикот од дефекти во мрежата. Од компанијата информираат дека вакви акции спроведуваат секоја година по есенската миграција, кога штрковите веќе го одгледале своето потомство. Напролет младите штркови градат свои гнезда и се доведуваат во ризик ако го прават тоа врз столбовите на електричната мрежа. Во платформите се враќа околу една третина од старото гнездо, за штрковите да можат дасе вратат.

Иницијативата се спроведува во соработка со експерти од Бугарското друштво за заштита на птиците. Екологистите, градоначалниците и жителите на населените места обезбедуваат информации каде е неопходно да се постават заштитните платформи.

Во изминативе години компанијата „Чез“ постави околу 360 платформи за штркови гнезда во местата што таа ги снабдува со електрична енергија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан