mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Хидроцентралите во Албанија почнаа со испуштање на вода

Хидроцентралите во Албанија почнаа со испуштање на вода

Типографија

Поради преполните акумулации, а со цел заштита на браните од евентуално пукање поради притисокот од водата, повеќе хидроелектрични централи ги отворија портите и почнаа со испуштање на вода.

Во ХЕЦ „Вау те Дејес“, една од трите ХЕЦ на каската на реката Дрим се испуштаат по 1.200 кубни метри вода во секунда. Тоа пак предизвика поплава, при што најпогодена е периферната населба Ајасма во Скадар, каде се евакуирани повеќе семејства, а под вода се над 900 хектри земјоделско земјиште.

Од втората ХЕЦ на истата каскада „Коман“ се испуштаат по 1.000 кубни метри вода во секунда. Во ХЕЦ-ри „Улза“ и „Шкопен“ се испуштаат по 1.200, односно 1.500 кубни метри вода во секунда.

Поради многубројните дефекти во електромрежата без елекрична енергија се уште се голем број подрачја.

  • Најпогодени подрачја се Тирана, Драч, Берат, Валона и Фиер. Најмалку 100 илјади потрошувачи, од нив 10 илјади во урбани, а останатите во рурални подрачја, се без електрична енергија, каде линиите се многу стари и се воздушни, кои поради силниот ветер или обилните дождови доаѓаат во контакт и се причинува дефект - вели Адриан Чела, директорот на „Елекродистрибуција“.

Поради недостиг на електрична енергија, вчера половина Тирана беше без вода за пиење.

Министерството за образование и наука информираше дека состојбата се нормализирала и оти почнува наставата во училиштата, по дводневниот прекин. Но,според дел од медиумите состојбата е далеку од нормализирана, поради што голем број ученици нема да бидат на настава и следните денови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан