mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Балканот да се здружи за рурален развој

Балканот да се здружи за рурален развој

Типографија

Заеднички настапи на меѓународни проекти од областа на руралниот развој на балканските држави е препораката која ја упатија учесниците на состанокот за воспоставување Мрежа на истражувачи од областа на руралниот развој од регионот на ЈИЕ.

Состанокот е во организација на Здружението на агроекономистите на Македонија (ЗАЕМ) во соработка со Истражувачкиот центар за јавни политики од Белград.

  • До сега бевме дел од големите мрежи кои ги водеа други организации, кои ни наметнуваа свои теми, а ние ги следевме. Овој пат мислам дека можеме да го покренеме значењето на овие теми од страна на нашите земји кои се различни од другите земји во светот кои имаат други приоритети и различни политки за оваа област - вели Наталија Богданов професорка на Факултетот за земјоделски науки од Белград. 

Според неа овој состанок е многу важен од аспект што прв пат научниците и истражувачите имаат можност од, како што рече, свој агол да ги разгледаат проблемите на руралните региони како и проблемите на научните предизвици. Таа  потенцира дека овој состанок ќе придонесе за поголеми успеси но дека ќе резултира и со научен придонес.

На состанокот учествуваа претставници од над 20 научно-истражувачки институции од девет земји од регионот.
Формирањето на оваа мрежа е поддржано од страна на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан управувана од Универзитетот Фрибург, со мандат даден од Швајцарската агенција за развој и соработка, SDC.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан