Словенија го прогласи за уставно право пиењето вода, за да на тој начин ги заштити водните ресурси од прекумерна експлоатација.
При гласањето на оваа одлука никој од пратениците во словенечкиот парламент не гласал против.
Словенечкиот премиер Миро Церар вели дека водата од чешма е огромна привилегија која мора да се чува и за генерациите после нас.
По изгласувањето на одлуката во Уставот на Словенија е внесено дека сите имаат право на пиење вода, дека водните ресурси се јавно добро со кое управува државата и дека снабдувањето со вода е непрофитна услуга.