mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Лани трошоците за заштита на животна средина биле поголеми од претходно

Лани трошоците за заштита на животна средина биле поголеми од претходно

Типографија

Трошоците за заштита на животната средина во 2015 година биле поголеми во однос на претходната година.

Според српскиот Завод за статистика трошоците се поголеми за 14,1 отсто.

Од тоа, како што се наведува во извештајот, инвестициите се зголемиле за 22,4 отсто, но пораст има и кај тековните трошоци за 10,1 отсто.

Од вкупните инвестиции за заштита на животната средина во заштитата на воздухот е потрошено 64,3 отсто, за управување со отпадните води 10,5, за управување со отпадот 13,3, за санација на земјишта, подземни и површински води 1,8, а по 0,1 отсто е потрошено за заштита од бучава и вибрации и за заштита на природата.

Од вкупните трошоци, пак, заштита на воздухот чинела 2,7 отсто, за управување со отпадни води 13,6, за управување со отпадот 60,7, за заштита и санација на земјиште, подземни и површински води 4,6, за заштита од бучава и вибрации 0,3 и за заштита на природата 4,4 отсто.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан