mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Воздухот чист, водата загадена по железничката хаварија во Бугарија

Воздухот чист, водата загадена по железничката хаварија во Бугарија

Типографија

Нема токсични материи во воздухот во бугарското село Хитрино, но водата не е за пиење, изјавила директорката на шуменската регионална инспекција за животна средина, Евелина Шишманова.

Пред три дена во Хитрино воз што влечел цистерни со пропан бутан излетал од шините. Во инцидентот загинаа најмалку седум луѓе, а повредени се 29.

Според Шишманова, присуството на загадувачки материи во воздухот во Хитрино е за 70-80 пати под максималните норми. Таа додава дека може да има влошување на состојбата при расчистувањето на цистерните, што веќе се врши.

  • Ако се случи нешто таму, тогаш  ќе интервенираме. Но деноноќно ја следиме состојбта со воздухот и тоа ќе го правиме се` додека не завшри операцијата за чистење - истакнака Шишманова.

Директорката предупредила дека водотеците покрај селото не треба да се употребуваат, и препорачала жителите да пијат само вода од шишиња додека дојдат инспекторите за да ја испитаат водата за пиење. Во меѓувреме интервентни екипи почнале со работа за да го вратат водоснабдувањето на Хитрино, кое е во прекин.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан