mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Трговски центар во Софија изложил живи елени во кафез, граѓаните револтирани

Трговски центар во Софија изложил живи елени во кафез, граѓаните револтирани

Типографија

Наместо празнична атракција, јавна осуда. Граѓаните на Софија биле револтирани од обидот на трговскиот центар Софија Ринг Мол да ја збогати својата претпразнична атмосфера со три северни елени затворени во мал кафез пред влезот.

Тие реагирале во медиумите и на социјалните мрежи, укажувајќи на лошите услови во кои се чувале животните само за да се привлечат посетители во трговскиот.

Инспектори од регионалната екоинспекција на Софија излегле на терен и утврдиле дека најмалиот од трите елени не бил регистриран како што предвидуваат законите, и поради тоа сопственикот ќе биде казнет.

Од управата на трговскиот центар одговориле дека сите елени биле регистрирани. Во врска со реакциите од јавноста дека животните се измачуваат во тесен кафез на студено време, од Софија Ринг Мол истакнале дека условите за нив биле поволни, бидејќи станувало збор за вид што живее и спие на отворено на минусни температури.

Бугарскиот претставник на меѓународната фондација „Четири шепи“ изјавил дека било убаво што имало општествена реакција на случајот, и изразил надеж дека поради ова следната година трговскиот центар нема да се реши да привлекува посетители со елени ставени во десет квадратни метри.

  • Од друга страна е жално што еден мол, кој има големи заработки, воопшто решил да прави пи-ар со искористување животни - рекол Јавор Гечев од „Четири шепи“.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан