mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Зрењанин цели 13 години нема вода за пиење

Зрењанин цели 13 години нема вода за пиење

Типографија

Српскиот град Зрењанин „прослави“ точно 13 години откако со решение на санитарниот инспектор водата во неговиот водовод е забранета за пиење и за подготовка на храна.

Проблемот со нездравата вода во овој град постои со децении, а забраната е издадена во 2004 година поради недозволено големо количество арсен во водата. Тогаш се зборувало дека вредностите на арсенот биле исти како и пред 10, 20 или 50 години, но дека поради заострувањето на критериумите, водата морала да се забрани за пиење и проблемот може да се реши само ако се изгради нова фабрика за нејзина преработка.

Првиот обид да се изгради капацитет за чиста вода за Зрењанин бил направен уште во 1979 година од фирмата Соп од Словенија, но бил откажан бидејќи се предвидувало преголемо користење хемикалии и превисоки трошоци во технолошкиот процес.

Потоа во 1980 и во 1981 година француската фирма Держемон направила нов проект што бил оценет како оптимален и според технологијата и според трошоците. Било основано и претпријатие „Фабрика за вода“, но тоа било затворено во 1989 година затоа што финансиски пропаднало.

Оттогаш, технолошки решенија за пречистување на водата подготвувале фирми од САД, Германија, Унгарија, Италија, Канада, Словачка и од Србија, но ништо од тоа не успеало. Во јануари 2004 година санитарниот инспектор на Зрењанин ја забранил водата за пиење, поради штетното количество арсен.

Во 2012 година повторно е потпишан договор со германска компанија за изградба на фабрика за пречистување на водата, но откако се сменила власта во градот, тој бил поништен и била ангажирана италијанска фирма за истата намена.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан