Зeмјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер е регистриран во југоисточниот турски округ Адијаман.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа во регионот на градот Самсан, а бил почувствуван во целиот округ Адијаман, како и во окрузите Газиантеп, Килис, Батман и Шанлијурфа.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за нанесени материјални штети или повредени лица.
Според податоците на турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни ситуации, земјотресот бил со јачина ос 5,5 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот бил проследен со земјотреси со јачина од 4,2 и 4,4 степени според Рихтер.